Трендот на иселување не можеме да го сопреме, тој ќе продолжи, алармираат надлежните

128

Работата на брод, во хотел или во ресторан за брза храна во странство е сè уште поатрактивна од работа во татковината. Во овие дејности за само неколку месеци, откако „Отворен Балкан“ ги крена рампите, во странство се вработиле над 2.000 Македонци, објави МРТ.

Почнуваат со сезонска работа за време на студии, го скенираа теренот и по кратко време си наоѓаат работа и се иселуваат. Македонските работници заминуваат најчесто во Германија, Хрватска и Србија, а веќе и во Албанија. „Отворен Балкан“ им ги отвори вратите без визи да си одберат работни места и кај соседите. Од агенциите за посредување при вработување велат дека тоа е и повеќе од очекувано, оти Македонија нема стратегија.

За да ја надолни дупката на пазарот на труд, државава и газдите спас бараат во увезени работници од трети земји. Доаѓаат нестручно подготвени, но земаат поголеми плати отколку во нивите држави. Одливот на кадар во Македонија е тренд веќе подолго време.

Досега околу 2.000 граѓани од Македонија се пријавиле да добијат сертификат со кој ќе може да најдат работа во земјите од „Отворен Балкан“. Ако земјава нема стратегија тоа да се промени, младите во поглем број ќе си одат од Македонија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content