Никој не знае кога тоа се случило, се претпоставува последните три-четири дена. Од прилепскиот Завод и музеј веднаш го осудија овој вандалски чин.
„Ова, по се изгледа е намерен вандалски чин и најостро го осудуваме. Очигледно била потребна сила да се откорнат и да се уништат. Апелираме чуварската служба во Паркот на револуцијата да води повеќе сметка за состојбата на споменичните обележја на ова свето место. Како Музеј ќе ги преземеме сите мерки, но мора прво да се детектира состојбата“, вели директорот на музејот Горан Цветкоски.
Обновата со мермерни плочки околу постаментите на спомениците – Урни на Могилата на непобедените и уредувањето на патеките и обновувањето на одредени оштетувања околу бистите на народните херои во Алејата на народните херои, што е дел од комплексот Парк на револуцијата, беше проект на Заводот и музеј од Прилеп кој заврши лани, во пресрет на националниот празник, 11 Октомври.