(ВИДЕО) Обид за атентат на градоначалникот на Арачиново – еве ги деталите

50

Од автоматско оружје е пукано денеска малку по пладне врз градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими. Со прострелна рана во градите е погоден неговиот возач, потврдуваат од Министерството за внатрешни раобти. Засилени полициски сили пристигнаа на влезот во Арачиново, а на местото каде бил извршен нападот се врши увид.

Од Клиниката потврдуваат дека во Ургентниот центар е донесено лице од Арачиново во сериозна здравствена состојба поради прострелна рана во градите, која налага итна хируршка операција.

Градоначалникот не е повреден.

Инаку, градоначалникот Ибраими веќе имаше пријавено дека имал закани од двајца браќа од Арачиново, а пред две години имало и физички напад врз него од три лица кои потоа биле приведени.

Извор: МКДТВ21.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content