Тутунски комбинат Прилеп предлага повисока цена – 365 денари за килограм I класа ароматичен тутун

0

Тутунскиот комбинат од Прилеп за 35 денари ќе ја зголеми откупната цена за килограм прва класа ароматичен тутун од ланската реколта. Од актуелните 330 на 365 денари за килограм. Предложената одлука од Одборот на директорите, која всушност претставува прифаќање на претходно доставеното барање, ќе мора да добие „зелено светло“ од акционерите. Седницата на Собранието е закажана за 3 април.

Промената ќе ги опфати сите производители кои веќе продале дел или можеби целото производство и веќе добиле износи пресметани по првично утврдената цена. Ним ќе им биде доплатена разликата.

„Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп исто така одобрува да се изврши ретроактивна доплата од 35 денари за килограм предаден I класа ‘Ароматичен’ тутун од реколтата 2023 г, на тутунопроизводителите кои имаат склучено договори за производство и откуп на тутун од реколта 2023 г и кои имаат предадено тутун во Тутунскиот комбинат…“, наведено е во објавата на Македонска берза.

Одборот на директори се одлучил на овој потег на 21 минатиот месец, со цел да ги израмни откупните цени со конкуренцијата присутна на пазарот на ароматичен тутун од минатогодишната реколта.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content