Изјавата за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите функционерите треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на https://imotnasostojba.dksk.mk , а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК.
ДКСК ги повикува сите актуелни избрани и именувани лица, кои имале обврска да поднесат анкетни листови и изјави на интереси, согласно со Законот за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008, 161/2008, 145/10, 97/15 и 148/15) и Законот за спречување на судир на интереси („Службен весник на Република Македонија” број 70/2007, 114/2009, 6/12 и 153/15) да достават изјави на новиот образец. Оваа обврска се однесува на лицата кои веќе поднеле анкетни листови и изјави на интереси како и на оние лица кои не ја исполниле оваа обврска, соопшти ДКСК.