Како производството на храна се намали за 50 отсто

35

Само свињите имаат светла иднина! Јаболка и грозје речиси и да нема, производството на домати преполовено, а исто е со овците и јагнињата, но и со производството на мед. Производството на млеко е намалено за 37 проценти, а во исто време откупот на говеда е 8 пати помал од лани. Земјоделците продавале ориз од стари реколти, а лозарите вино од залиха и затоа тука има раст на продажбата. Толку не ја бива работата што и откупот на ракија е преполовен… 

Официјалните податоци за домашното производсто и откуп на земјоделски производи, најблаго речено се поразителни! Ова го покажуваат официјалните статистички податоци на Државниот завод за ревизија објавени деновиве.

Вредноста на откупот на земјоделски производи во периодот јули-септември изнесува 77,5 милиони евра. Во услови на раст на цените на цела храна вредноста на откупот е пониска за 20 милиони евра! Тоа значи дека толку многу е намалено производството на храна во услови на драстично зголемени цени што неминовен бил и пад на вкупниот обем на вредноста на откупот односно на продажбата на земјоделските производи.

Од каде да почнеме?

Секако е страшно. За летните месеци кога во ек е жетвата земјоделците предале во откуп вкупно 1.400 тони пченица и рж. Тоа е 35 отсто помалку од летните месеци лани. Продажбата на ориз е пак зголемена за 39 пати. И тоа само по себе е исклучок од трендот затоа што станува збор за продажба на залихи трупани со години заради демонивациската цена на оризот. Конечно и оризопроизводителите видоа „бел ден“ со енормното поскапување на цените на храната кое го повлече нагоре и оризот.

Во периодот јули-септември се откупени само 2.160 тони домати. Тоа е половина од откупот лани. За јаболките и грозјето е траорно да се зборува. Годината воопшто не им се погоди. Откупот на јаболки изнесува 130 тони и е 14 пати помал од истиот период лани. Гроздоберот годинава беше „само на снимки“. Затоа што количината откупено грозје е 14 пати помала од лани. Тоа во одредена мерка е компензирано со продажба на вино од залиха. Така продажбата на вино дошла до 78.500 хектолитри што е 50 отсто повече од претходната година. Откупот на ракија е на пола од лани и изнесува 5.000 хектолитри.

И пчелите годинава не работеа како што треба. Медарите од јули до септември предале 2,5 тони мед. Тоа е половина од предаденото лани. Затоа што пролетта беше влажна, а летото сушно. Дури и кај производството на печурки сме потфрлиле. Предадени се 157 тони за три месеци или 42 отсто помалку.

И кај сточниот фонд е страшно. Со исклучок на свињите затоа што за нив има светла иднина бидејќи нивниот откуп е удвоен во споредба со лани, а предадени се 2.750 тони жива мера.

Откупот на овци и јагниња е преполовен и од јули до септември се откупени само 27 тони. Кај говедата е пострашно. Нивниот откуп е намален за 8 пати од лани. Предадени се само 160 тони.

Производството на риба одамна не е одлика на македонското производство на храна. Но и тоа такво лани не било на ниво. Намалено е за 22 отсто до ниво од 27 тони за три месеци.

Како во вакви услови производството на млеко е намалено само за 36 отсто статистичкиот извештај нема одговор. Иако логика нема. Освен ако голема количина млеко или суровина не влегува од увоз.

Има ли кој да го вклучи алармот?

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content