Нова бугарска провокација во Македонија: Даваат по 300 евра ако си го промениш презимето на „ов“ или „ев“
Бугарската фондација „Македонија“ зад која стои контроверзниот Виктор Стојанов на македонските граѓани им нуди 300 евра за промена на презимето. Конкретно, за да ги добијат парите тие треба да го променат презимето и тоа да завршува на „ов“ или „ев“ кое е карактеристично за Бугарите.
Од Македонците се бара да побараат промена на презимето и да го внесат во изводот на матична книга на родените а за начинот како ќе ги подигнат парите ќе треба да ја контактираат Фондацијата.
Овие објави Стојанов ги пишува надвор од Македонија бидејќи му е забранет влез во земјата и е прогласен за персона нон грата.