На денешниот брифинг со медиуми, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги презентираше можните датуми за претседателски и парламентарни избори, со цел да се запазат сите законски рокови.
Џафери им порача на полтичките партии консезуално да се договорат до крајот на годината, особено за датумот за претседателски избори.
Претседателски избори
Инаугурацијата на Претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година
Изборите се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат
60-те последни дена се во рамки на датумите 14 март и 12 мај 2024 година
Изборите се одржуваат во два изборни круга:
Прв круг: најрано 14 март 2024 година
Втор круг: најдоцна 8 мај 2024 година
Изборите ги распишува претседателот на Собранието на Република Македонија (член 12 од Изборниот законик)
Од денот на распишување на изборите до денот на гласање рокот е: не помалку од 70 дена и не повеќе од 90 дена.
Прв круг: ако бидат на 14 март, тогаш распишување на изборите треба да биде на 4 јануари 2024 година (минимум 70 дена)
Втор круг: ако бидат покасно на 8 мај (тогаш во овој случај, Прв круг треба да бидат на 24 април), распишување на избори ќе треба да биде на 27 февруари, што обезбедува најмалку 70 дена до избори.
Можни датуми (14 март – 8 мај)
Прв круг: на 14 март, 28 март, 11 април и 25 април.
Втор круг: 28 март, 11 април, 25 април и 9 мај (критичен датум бидејќи инагурација ќе треба да биде на 12 мај)
Парламентарни избори
4 Август (завршува мандатот на пратениците)
Изборите се одржуваат во 90 дена од тековниот мандат (член 63 став 3 од Устав), или во рок од 60 дена од распуштање на Собранието
Редовни термини во редовен рок
5 мај – 15 јули, за да се овозможи конституирање во рамките на уставниот рок (член 63/1), најдоцна денот 20/21 од денот на гласање.
Доколку парламентарните избори се организираат пред 5 мај, тогаш тие избори се предвремени избори и во тој случај важат други членови, се нагласи на брифингот.