Во Собранието на Република Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.
За остварување во областа на науката и образованието, наградата им беше врачена на тимот за трансплантација на црн дроб, проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска и универзитетскиот професор Африм Османи.
Кристина Скипаровска која во име на нејзиниот брат доктор Светозар Антовиќ ја прими наградата, оцени дека ова признание е голем поттик за понатамошни достигнувања во областа на медицината.
-Она што сакам да го кажам во негово име е следново, на патот на растење на било кој доктор, па така и на брат ми ќе се сочите со неколку типа на признанија, првото е лично признаније одосно личната сатисфакција, тоа е она кога знаете дека тоа што сте го сработиле сте го сработиле по вашите мерила следно е она на пациентитие кои се најважни и ја признаваат хуманоста, човечноста на докторот, следуваат оние од колегите кои ќе ја верификуваат вашата стручост и сето тоа ви дава ветар во грбот да продолжите по патот кој сте го одбрале. Но само признание како што е ова денеска не ви дава ветар, туку ви дава крила, а тоа значи да летнете кон медицина која е светска, изјави Скипаровска.