Најмладите џудисти од Сеишин Прилеп 9 медали од Грција

66

Денеска во Аминдео, Грција се одржа Меѓународен турнир во џудо. На турнирот учество зедоа околу 300 натпреварувачи од околу 50 клубови од Грција, Македонија, Турција, Србија, Бугарија, Албанија, Израел, Молдавија, Грузија, Украина, Ерменија, Кипар и други држави од регионот.

Џудо клубот Сеишин од Прилеп на овој турнир зеде учество со најмалата категорија на такмичари – деца родени од 2012 – 2017, а на поголем дел од нив ова им беше прв натпревар од ваков тип.

Од 8 натпреварувачи освоени се вкупно 9медали (1 прво место, 3 втори места, 5 трети места), бидејќи еден од натпреварувачите зеде учество во две тежински категории.

Резултати поединечно: Владан Стрезовски -36кг Прво место, Владан Стрезовски -34кг Второ место, Христијан Бунески -30кг Второ место, Бисера Јовеска -33кг Второ место, Бисера Цветкоска -30кг Трето место, Матеја Николоска -27кг Трето место, Мила Здравеска -45кг Трето место, Тамара Стојковска -45кг Трето место, Александар Игнески -24кг Трето место.

Екипата ка предводеа тренерите Дејан Мицкоски и Марио Тошески се задоволни од настапот на сите натпреварувачи и постигнатите резултати, особено поради фактот дека поголемиот дел од натпреварувачите дебитираа на ваков силен меѓународен турнир.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content