Вечерва околу 19 часот на улица “11-ти Октомври” во Прилеп, дрвокрадци во возило натоварено со бесправно исечени дрва, бегајќи од полицијата се забиле во куќа.
На лице место интервенирале две екипи на Територијалната противпожарна едница Прилеп и една екипа од брзата помош.
Засега не е познато со какви повреди се здобиле патниците во возилото, за што го чекаме официјалниот извештај од институциите.
Дрвокрадството е голем проблем во Прилеп и предизвикува огромен револт кај прилепчани. Тоа стана сериозен бизнис од кој печалат повеќе страни инволвирани во тоа.
Проблем е и безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот, бидејќи легално регистрираните возила секојдневно се мета на проверки во центарот, за разлика од возилата на дрвокрадците.
Извор: МаркукулеМК.