Ќе се врати ли задолжителниот воен рок во Македонија

40

За првиот човек на генералштабот во време на служењето на воениот рок оние кои ќе служат би добиле знаење како да делуваат во природни непогоди како: поплави, земјотреси, пожари, почитување на хиреархија и добивање одредени вештени во одбрана, дисциплина. Но и можност за спојување на луѓе со религиска разлика, социјална разлика и зголемување на патриотското чувство кон земјата.

Претседателот на државата Пендаровски вели дека одговори дека државниот врв не ја разгледувал можноста за враќање на задолжително служење во Армијата, ниту во изминатиот период, ниту пак таква можност е отворена за во иднина.

-Целосната професионализација на Армијата е одлука што е донесена како дел од процесот на трансформација на Армијата, согласно анализите и проценките на ресурси и потреби на земјата, во целосна координација и консултации со НАТО, истакна шефот на државата и врховен командант на Вооружените сили.

Од Министерството за одбрана со писмен одговор до Канал 5 објаснуваат дека изјавата на началникот е личен став и има право секој да го каже својот став. Точно е дека дел од земјите членки размислуваат да воведат задолжителен воен рок но секако треба да се направат анализи за да се врксатат ставовите за и против, велат од одбрана.

-Информираме дека во моментов, во Министерството за одбрана, ниту во Генералштабот на Армијата не е започнат консултативен, ниту каков било друг процес за носење на ваква одлука.

Граѓаните велат дека воениот рок е потребен и треба да се врати.

Според Ѓурчиновски воен рок може да служат и жени но да не биде задолжителен, да биде доброволно и да имаат бенефиции за идно вработување во армијата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content