СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Путин ги потпиша документите за анектирање на четирите украински региони

Русија има четири нови региони, порача рускиот претседател за време на неговиот свечен говор како дел од церемонијата за приклучување на украинските региони, по одржаните референдуми во нив. Пред да ги потпише официјалните акти Путин рече дека таква е волјата на милиони луѓе кои живеат во тие региони, а кои пак историски и припаѓаат на Русија.

ТИЕ ИЗБРАА ДА ЖИВЕАТ СО СВОЈОТ НАРОД, ВО СВОЈАТА ТАТКОВИНА, ДА ЈА СПОДЕЛАТ НЕЈЗИНАТА СУДБИНА, ДА ПОБЕДАТ ЗАЕДНО СО НЕА. ВИСТИНАТА Е НА НАША СТРАНА. РУСИЈА Е НА НАША СТРАНА, ПОРАЧА ПУТИН.

„Западот сака да ја види Русија на колена, западот сака да ја уништи руската култура, и западот трепери од помислата дека една таква богата земја постои“, рече Путин.

И додека во Москва трае церемонија за инкорпорирање на новите четири региони во Руската Федерација, Киев е гневен поради последните напади врз украински цивилни мети. Според украинските власти, во градот Запорожје, во истоимениот регион, руската армија гранатирала хуманитарен конвој кој се подготвувал да влезе на окупирана територија за да достави помош, и да евакуира цивили. Според нив, загинале 25 лица, а 50 други биле повредени кога три гранати го погодиле конвојот на збирното место во градот.

СЕ СЛУЧИ КРАТКО ОТКАКО ПОЧНАВМЕ ДА СЕ СОБИРАМЕ, НЕКОЛКУ МИНУТИ ПОСЛЕ 8 ЧАСОТ. ПРВАТА БЕШЕ ОКОЛУ 8 И 15 НА ПОЧЕТОКОТ НА ПАЗАР, ВТОРАТА ВО СРЕДИНАТА НА ПАЗАРОТ И ТРЕТАТА НА КРАЈОТ. ВО ИНТЕРВАЛ ОД 20 ДО 30 МИНУТИ, ИЗЈАВИ ЕДЕН ОД ПРЕЖИВЕАНИТЕ ОД КОНВОЈОТ.

Покрај во Запорожје, ракетни напади имало и во Миколајв, Одеса и Днипро. Руските власти во Запорожје за нападот врз конвојот ја обвинија украинската армија, без да понудат конкретни докази.

Но, додека Украина и остатокот од светот се противат на анектирањето дополнителна украинска територија од страна на Русија, Путин е решен да продолжи и порача дека жителите на овие територии засекогаш ќе останат руски граѓани, и Русија ќе им обезбеди добар и безбеден живот. Русија ќе ја реконструира целата инфраструктура во нив и ќе им обезбеди здравствен систем и образование.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content