На социјалните мрежи денес кружи видео во кое се гледа група малолетници кои физички се пресметуваат. И додека едните се тепаат, други трчат на сите страни буквално меѓу возилата и среде улица, трети само гледаат. Министерството за внатрешни работи денеска излезе со информации за настанот, а како што велат оттаму случајот кај нив е пријавен околу полноќ и тоа од таткото на нападнатото девојче.
– Р.М.(44) од Скопје пријавил дека синоќа околу 22 часот на ул.„Орце Николов“, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште, велат од МВР.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.
Тепачките меѓу малолетни лица зачестија во последниот период. Само пред неколку дена двајца малолетници беа повредени од нож бил физички напад во автобус на ЈСП поради слободно столче.