СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

ЛАГ АГРО ЛИДЕР со донација на спортски реквизити за градинката ЈОУДГ „Наша Еднина“ РЕ Гоце Делчев Прилеп

Согледувајќи ја важноста на спортот за децата во рано детство за нивниот правилен раст и развој и градењето на здрав начин на живот, ЛАГ АГРО ЛИДЕР денес донираше спортски реквизити за градинката ЈОУДГ “Наша Еднина” РЕ Гоце Делчев Прилеп

ЛАГ АГРО ЛИДЕР во рамките на проектот “Европско движење на експерти за ран детски развој” воспостави партнерство со спортски организации и градинки од 5 држави од Европа – Италија, Шпанија, Германија, Австрија и Грција во рамките на што беше организирана интернационална обука за “Зајакнување на основните моторни вештини и промовирање на здрав и активен начин на живот кај децата во раното детство (0-6)” на која учество зедоа едукатори од детската градинка во Прилеп.

Споделените добри практики за спортски активности за деца во ран детски развој преку нивната примена ќе дадат придонес за моторен развој, когнитивен развој, емоционална имагинација и мобилност кај децата.

Донацијата на спортски реквизити е благодарност од ЛАГ АГРО ЛИДЕР до тимот на градинката за соработката и нивната посветеност во обезбедување на активно учество на децата во спортски игри и создавање здрави навики кај децата во текот на раното детство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content