КУД “Мирче Aцев” Прилеп со концерт прослави 75 години постоење

65

Пред преполна сала, синоќа во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, Културното уметничкото друштво Мирче Ацев-Прилеп со концерт прослави јубилејни 75 години постоење.

Фолклорот, македонското оро, песна и македонската традиционална носија, говорат за вековното постоење на македонскиот народ, кој има свој идентитет и богати традиционални вредност.

Токму овие вредности, во своето 75 годишно постоење ги негува и ги презентира КУД „Мирче Ацев“ нашиот културен амбасадор во светот.

Податокот дека во досегашното постоење на КУД „Мирче Ацев“ илјадници играорци биле негови членови и дека се одржале повеќе од 5000 концерти, на сите континетни во светот, говорат за важноста и улогата на КУД Мирче Ацев –Прилеп.

Ова се луѓе со голем ентузијазам и голема љубов кон народните игри и песни, автентично ги интерпретираат на сцената обичаите од историското минато на македонскиот народ, при тоа негувајќи ја традцијата и народниот фолклор кој што е наш културен и автентичен израз.

На концертот присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој имаше свое обраќање до присутните.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content