СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Оризопроизводителите го ставија штрајкот во мирување

Оризопроизводителите ја повлекоа механизацијата и штрајкот го ставија во мирување. Бараат средби со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за ЗШВ Љупчло Николовски и исполнување на нивните барања. Откупната цена на оризовата арпа да биде од 40 – 45 денари, бараат интервентен откуп на производството и оризот да биде прогласен за стратешка култура. Денеска Синдикатот на земјоделците и иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството ќе имаат средба на која ќе ги разгледаат начините и ќе донесат одлука како понатаму да дејствуваат. За Телма велат дека вчерашниот протест бил најмасовен до сега. Доколку власта нема слух најавуваат нови блокади.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content