Промоцијата на Е-книгата „Балкански детски приказни„, реализирана од Здружението на граѓани Мултимедиа Прес-Прилеп, за да се доближат културните разлики на децата од Балканскиот Регион како дел од Регионалниот ЕУ проект Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД, која има за цел да промовира вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, беше промовирана пред публиката, а нејзината промоција предизвика голем интерес кај директните учесници на промотивниот настан кој се одржа пред градскиот саат во Прилеп.
Настанот беше збогагатен со забавни содржини за деца, а децата и присутните имаа можност да слушнат фрагменти од книгата кои ги читаше кловнот Јојо (актерот, Михале Михалоски) .
Аудио снимката на Е-книгата „Балкански детски приказни„ по промоцијата е достапна за бесплатно преслушување на платформата ЅoundСloud. , а Мултимедапрес – Прилеп во рамките на овој проект изготви и ПДФ-верзија подготвена како книга, со авторски илустрации, кои ги изготви Фили Јовески , која исто така веќе е достапна за симнување и дистрибуција на достапна на платформата issuu.. (ЛИНКОВИТЕ ГИ ИМАТЕ ПОДОЛУ ВО ТЕКСТОТ)
Здружението Мултимеда Прес – Прилеп, со цел да го доближи проектот кој содржи приказни од Македонија, Албанија и Турциј,а наменети за деца и млади, преведени на македонски, турски и албански јазик, испечати и 100-на УСБ стикови, на кои ги има аудио и ПДФ верзиијата, и ги дистрибутираше во градинки, училишта, едукативни центри во пелагонискиот регионот и пошироко, однсоно до едукатори, воспитувачи, наставниците, медиумите, културни работници, со цел да ги доближат клутурните разлики меѓу децата и младите од овој регион, и книгата како уникатна аудиосодржина од сказни за деца и млади на македонски, турски и на албански јазик, да послужи како едукативен материјал.
Идниот предизвик за оваа уникатан содржина, на членовите на Мултимеда прес – Прилеп, е во иднина, дигиталната книга „Балкански детскии прикацни„ да добие печатено издание, да биде во книжна верзија, која како убава книга со детски приказни од трите народи, биде достапна во училишните библиотеки, во градинките, во домашните библиотеки, во рацета на децата и младите.
Инаку, во реализацијата на овој интересен преокт учествуваа: Елизабета Филипоска, Гордана Цветаноска, Наташа Забрчанец, Осман Фират Баш, Елена Радевска, Барбара Јариш Макрај, Дијана Свртиноска, Емилија Малезан, Ферди Булут, Наташа Ачански, Илија Волчески, Драгица Здравеска, Филип Јовески и Никола Димоски. Е-книгата е снимена во студиото на „Радио Пела“ .
Во продолжение, се линковите од аудио и ПДФ изданието на аудио/висуелната книга „Балкански детски приказни„ кои можете бесплатно да ги симнете (прешлушувате/разгледувате/читате) :
Проектот Е-книгата „Балкански детски приказни„, од Здружението Мултимедиа Прес – ММП е поддржан од Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД, финасиран од ЕУ.