СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Во Битола се одржа „Трчај, бе“

Повеќе од 1.400 атлетичари, спортисти и рекреативци од 12 држави учествуваа на традиционалната спортско-рекреативна манифестацијата „Трчај бе“, која се одржа денеска во Битола.

Годинава покровител и поддржувач на манифестацијата која воедно беше е и Национално првенство во полумаратон, беше Општина Битола.

-Манифестацијата станува се помасовна и попосетена. Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето, трчаат на трите патеки долги 5, 10 и 21 километар низ Битола, а убеден сум дека така ќе биде и договодина на малиот јубилеј, односно на петтото издание, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

За време на манифестацијата, СВР-Битола го регулираше сообраќајот во градот кој на повеќе сообраќајници беше со посебен режим, волонтерите овозможија логистичка поддршка за сите учесници, а за публиката беше приредена забавна програма на повеќе локации во градот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content