Дигитална аудио книга со балкански детски приказни за деца и млади – за доближување на културните разлики
Проектот е поддржан благодарение на Регионална мрежа за културна разновидност READ, финасиран од ЕУ што овозможи детските бајки да ја видат „светлината на денот”.
Во рамките на неколку месечното работење на проектот Е-книга Балкански детски приказни, создадени се аудио-визуелни бајки кои усно генерациски се прераскажувале во Македонија,Турција и Албанија. Со цел доближување на приказните од различните народи, содржините се преведени на сите трите јазици македонски, турски и албански. Аудио материјалот е пренесен на USB стикчиња, а воедно поставени во електронска форма. На таков начин преку дигиталната форма приказните ќе бидат лесно достапни за младата популација и за сите консументи, кои сакаат да откриваат, учат и да уживаат слушајќи ги приказните.
Воедно, материјалот е „спакуван“ и во Е -книга со оригинални илустрациии кој ги изработи Филип Јовески, во PDF формат, во дигитална форма, за лесна достапност за симнување, прегледување и преслушување, со цел приказните да бидат што поблиску до децата, до оние кои сакаат да чујат и да ја согледаат убавината на различните јазични подрачја и да чујат интересни приказни кои се прераскажувале од народи кои живеат на Балканот.
Комплетниот проект, како е аудио материјал е лесно преслушлив, едукативен, поучен и корисен како за млади, така и за наставници, едукатори, медиумски работници итн. и може да послужи како одличен едукативен материјал со кој младите можат да научат за нови култури и традиции и за нови бајковити светови.
Креирањето на аудио на Е–книга со приказни за деца и млади, во рамките на проектот READ-Regional Network for Cultural Diversity READ (Регионална мрежа за културна разновидност), финасиран од ЕУ, е поттик за почитување на културните различности меѓу народите кои живеат на Балканот. Токму преку приказните децата и младите ќе научат дека различностите не треба да не’ разединуваат, туку да не соединуваат. А, децата, преку балканските бајки впечатливо, аудио и визуелно, имаат убава можност да научат дека не постојат граници и разлики меѓу луѓето. Културната разноликост го збогатува концептот на еднаквост и прифаќањето на различностите се само чекор кон создавање на квалитетен соживот и почит. Здружението Мултимедиа прес – Прилеп ќе продолжи да работи кон збогатување на содржините за поквалитетно функционирање на општествената заедница со ваквите идеи, каде културните разликите се презентираат како наша предност и наше заедничко опкружување, вклучително и квалитетна медиумска писменост кон пренесување на културните информации во рамките на подобрување и запознавање на аспектите за начинот на живеење на другите“, истакнуваат од Мултимедиа прес – Прилеп, креатори на детската книга со приказни од различни народи, на различни јазици насловена E- BALKAN CHILDERN STORIЕS E-BOOK.
Аудио верзијата и ПДФ-изданието ќе биде достапно за симнување и дистрибуција наскоро после промотивните активности. Од Мултимедиа Прес кои планираат најпрво ова интересно издание на аудио приказни да го добијат децата од детските градинки.