Поранешниот пратеник Зоран Витанов на социјалните мрежи објави статус со предлог-мерка како Владата да ги обезбеди потребните средства, а при тоа да не биде на грбот на граѓаните.
Владата планира зголемување на даноците?
Да им дадам предлог: банкарскиот сектор во Македонија остварува цирка 150 милиони евра годишен нето профит. Ако нив ги оданочи со прогресивен данок на добивка од 33%, ете им ги посакуваните 50 милиони евра во буџетот. Оставете ги граѓаните и МСП секторот на раат, престанете да ги оданочувате оние кои чесно ГИ ПРИЈАВУВААТ своите приходи и профити!
Ако не разбирате економија – прашајте! Не е грев да не разбираш, грев е ДА НОСИШ ОДЛУКИ кога не разбираш! – порачува Витанов.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1008219259971301&id=100023497105380