СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Почина архитектот Петар Муличкоски – авторот на оригиналната зграда на Владата

Денеска, на 93-годишна возраст, почина Петар Муличкоски, еден од великаните на македонската архитектура, авторот на оригиналната зграда на Владата, изградена 1970 година.

Муличковски е автор и на Народната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ од 1971, Спомен-костурницата во Кавадарци од 1974, на Стопанска банка во Скопје од 1974 и многу други.

Роден 1929 година во Прилеп, од 1949 до 1957 студира архитектура на Техничкиот факултет во Љубљана. Во 1959 е избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје, а во 1967 за доцент и во 1978 за редовен професор на истиот факултет.

„Посебна преокупација на архитектот Муличкоски претставува архитектонското проектирање во кое внесува нови сознанија како резултат на сестрани истражувања: историски,психолошки, ликовни… Така, во делата на Муличкоски, покрај сеопфатната градежно-техничка дисциплина, надградена е уште една креативна снага – уметничката компонента. Оваа особеност е карактеристична за неговите реализирани објекти користејќи го природниот карактер на градежните материјали: бетон, стакло, метал, дрво и тула, видливи со својата природна структура, текстура и боја. Карактеристика во делата на Муличкоски е и забележителната интелектуална поврзаност со традицијата и градитеското културно наследство, со очигледен истражувачки напор на авторот како предизвик во барањето оригинални решенија со трајни вредности“, се вели во неговата биографија на интернет-страницата „Македонска архитектура“ (МАРХ).

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content