Концертите ќе бидат на отворено и бесплатно во Жена парк, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и средства за загрозено семејство.
Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово, истакна Станислав Бојчески од иницијативата.
Иницијативата „Го сакам Тетово” најавува и други настани во текот на летото.