Скандал: Владата го исфрли Гоце Делчев и фашистичката крв што се лее од песната “Во борба, македонски народе”
Скандал на синоќешното отворање на прославата за Илинден од страна на Владата на Ковачевски. Во текот на изведбата на добро подготвената програма, песната “Во борба, во борба“ беше едноставно искасапена, а од неа беше исфрлена втората строфа после првиот рефрен во која се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“, што претставува спој на борбата на Илинденците од 1903 година и на партизаните од НОБ кои се борат додека над главите знамето на Гоце се вее.
Впрочем еве ја целата строфа која беше исфрлена при изведбата:
“Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее,
во гори, полја и на сите страни,
фашистичка крв насекаде се лее.“
Инаку целата песна, во збирката на Кочо Рацин која посмртно е објавена (Збирката е пронајдена во неговата чанта), а која ја напишал Владо Малески, гласи вака:
Како што можете да видите, односно чуете, исфрлена е и последната строфа за нов живот на Македонците со браќата Власи, Турци, и Албанци!
За да се уверите, послушајте го видеото со токму овој дел од вечерашната прослава.