СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Со години и месеци земале плата а не оделе на работа

На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП Комунална хигиена-Скопје кои месеци и години земале плата а не оделе на работа, денес им завршија договорите и истите не се продолжени, соопштија од претпријатие.

Во ЈП Комунална хигиена-Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните, велат тие.

Додаваат дека истовремено кон вработената во  ЈП Комунална хигиена-Скопје која денес предизвикала инцидент веќе е отпочната дисциплинска постапка.

– Работниот процес мора да се одвива професионално и со почит кон секој. Претпријатието е отворено и транспарентно за сите граѓани и медиуми и во иднина нема да се дозволи недолично или несоодветно однесување во Претпријатието, а сѐ во насока на имплементација на реформи за подобри работни процеси во интерес на граѓаните, стои во соопштението.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content