Акциска контрола во Прилеп, приведено едно лице, седум санкционирани возачи

36

Изминатата вечер (31.07/01.08.2022) од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите лишенo од слобода е едно лице поради основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 21 до 4 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се седум возачи, од кои пет се исклучени од сообраќај.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content