СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Единството во ЕУ за Русија соочено со тежок предизвик

Единството на земјите од Европската унија во однос на Русија се соочи со тежок предизвик во екот на зголемената инфлација и можните мерки за заштеда на енергија.

Весникот потсетува дека ЕУ демонстрираше „обединет фронт“ по почетокот на војната во Украина.

Сепак, високите стапки на инфлација, наглото зголемување на трошоците за живот во ЕУ и предлозите за намалување на потрошувачката на енергија се закануваат да ги наведат земјите-членки да ги напуштат своите остри антируски политики.

Иако многу западни политичари, според весникот, гледаат значителен ефект од санкциите на ЕУ врз руската економија, неколку земји од ЕУ се загрижени дека таквата политика е скапа за нив самите и удира по џебот на нивните граѓани.

„Има некои знаци дека барем во однос на енергијата, тоа единство не изгледа толку силно како што може да биде“, се наведува во написот.

Во исто време, неименувани извори од ЕУ за „Фајненшл тајмс“ изјавија дека во оваа фаза нема јасни планови за слабеење на ограничувањата на Брисел против Москва.

Згора на тоа, неименуван претставник на германската влада потврди дека тие не се подготвени да ја ревидираат својата надворешна политика кон Русија во блиска иднина.

Советот на ЕУ на 26 јули го усвои планот на Европската комисија за доброволно намалување на потрошувачката на гас во ЕУ за 15 отсто од 1 август оваа година до 31 март 2023 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content