СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Работниците од „Колска“ утре пак ќе ги блокираат возовите

Откако утрово од страна на надлежните беше игнориран протестот на вработените во фабриката за шински возила во Велес „Колска“, тие велат дека и утре од 7:30 до 8:30, ќе го блокират железничкиот сообраќај, така што ќе застанат на пругите кај велешката станица. Потоа, протестот ќе продолжи пред УЈП.

Тони Арсовски, претседател на синдикалната организација во „Колска“ при ССМ вели дека стравуват што ќе се случи со нив, затоа што веќе 6 месеци сметката на компанијата е блокирана од страна на УЈП. Сепак, со цесии, тие успевале да земат плати, заклучно со мајската.

За јуни не сме земале плата. Од друга страна земаме плати под минималната плата. Минималната плата е основна, така што не треба да се добијат само 18.000 денари, на неа треба да има и додатоци, како што е минат труд, потоа, согласно нашите акти – 10 проценти за квалитет и 30 проценти за рационално искористено време. Тие додатоци ги има откако јас сум тука на работа, а работам во фабриката 24 години – вели Арсовски.

Тој објаснува дека фабриката има работа, дека од крајот на минатата година досега се сервисирани 60 цистерни на приватна компанија, а дека тука се сервисираат и вагони од МЖ Транспорт.

Во „Колска“ сега работат 78 работници.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content