Охрид, 25. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јули 2022 година, во 20:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 35-годишниот Д.К. од Прилеп затоа што околу 19:30 часот во близина на плажа на охридското крајбрежје физички нападнал лице од Охрид.
– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива