(ВИДЕО) Пукотници и дим пред Собрание

48

Провокатори со фантомки упаднаа на народниот протест пред Собранието. Тргнаа од кај Жена парк, по што ја рушија полициската ограда. Пукотници од димни бомби и петарди се слушаа пред зградата, а мирната толпа се повлече.

Провокациите не наидоа на поддршка од граѓаните, кои продолжуваат мирно да протестираат, да скандираат, да пеат „Едно име имаме“ и да бараат оставка.

Насилници, срамота, и што сега, што направивте?, коментираат граѓаните.

Групата која ја премина оградата почна да фрла со делови од калдрмата по зградата, по што скршија и прозори од Парламентот.

Според информациите од терен, има повредени полицајци, а пристигнаа и возила на Итната медицинска помош.

Дека деновиве има личности кои се обидуваат да ги обезвреднат сè попосетените протести против владата и политиките кон Бугарија веќе предупредија и неколку политичари. Вчера за ова предупреди потрептседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, а за да фрлат сенка врз народниот протест, и СДСМ и ДУИ со соопштенија „ги осудија насилствата“. Денеска премиерот Димитар Ковачевски рече дека „ќе се случуваат неевропски потези на протестите“, за што и е забележливо и големо полициско присуство околу Собранието и целиот скопски центар.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content