Од МВР велат дека експpecно ги решавале сите кривично-правни настани во Прилеп

55

Целосното соопштение на МВР проследете го во продолжение:

Како прво, хронолошки гледано во текот на последната недела, полициските службеници при ОВР Прилеп ги презедоа сите потребни мерки и активности за откривање и разрешување на пријавените кривично- правни настани, при што истите се експресно и во целост разрешени.

Во врска со кривично-правниот настан пријавен од вчера (29.06.2022) во врска со пожар на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.А.(49) од Прилеп, и за кој уште во текот на вчерашниот ден ја информиравме јавноста, во 03.30 извршен е увид и преглед на лице место, подигнати се брисеви за хемиска анализа, обезбеден видео запис, повикани лица на разговор, извршени се проверки во пошироката околина, објавени разговори со пријавителот и оштетеното лице, извршено е фотодокументирање и други мерки во интерес на истрагата. Во врска со целокупниот настан известен е Јавен Обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот.

Како второ, во врска со настанот од 27.06.2022 на ул.„Републиканска”, а во врска со извршена „тешка кражба на дрзок начин”, по член 236 став 3, лишен е од слобода Д.Р.(21) од Прилеп и по итна постапка до ОЈО Прилеп поднесена е кривична пријава и изречена е мерка за претпазливост. Паричните средства се вратени во целост на оштетената. Што значи дека овој случај е целосно расчистен во најбрз можен рок.

Уште еден кривично-правен настан кој датира од 25.06.2022 пред Градскиот пазар, каде комуналните редари од ЕЛС Прилеп беа спречени во вршење на службените дејствија, е сосема расчистен. Лицето беше совладано и лишено од слобода и пред ОЈО Прилеп поднесена кривични пријави по итна постапка, а на сторителот му е изречена мерка притвор во траење во 8 денови во Казнено-поправна установа Затвор Битола.

Расчистен е и настанот пријавен на 27.06.2022, кој градоначалникот го споменува на прес конференцијата, во врска со физичкиот напад на ул.„Републиканска” во Прилеп, на две лица од страна други две лица, односно сторителите се пронајдени, со нив се извршени службени разговори во полициска станица и поднесени се соодветни пријави.

Ова се фактите, а сѐ друго се инсинуации и тенденциозно пласирање на лажни вести, кои имаат за цел не само да ја дезинформираат јавноста и да предизвикаат паника кај граѓаните на Општина Прилеп, туку и да наштетат на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите. СВР Битола-ОВР Прилеп продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо ќе работи на заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, стои во соопштението од МВР.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content