Фестивалот ќе трае до 26 јуни. Целта е да се промовираат крушевските убавини преку побудување на адреналинот и желбата за слободно дружење, каде што живописната култура на градот го зазема главното место за гостопримство и чувство на топлина, велат организаторите на настанот.
Официјалното отворање започнува вечерва со забава на отворено од страна на DJ Estephano, додека наредните денови музичката програма на отворено ќе ја надополнат DJ Bapchu, Day Off, Dj Goce SAF, DJ Memba Quinn, Паркети и Cyrillic. Детално програмата може да се погледне на веб-страницата.
За време на фестивалот ќе се одржи тандем параглајдинг од Мечкин Камен, искачување на вештачка карпа, јавање на коњи, кајак и SUP (stand up paddleboard).
– За љубителите на планинскиот велосипедизам имаме кратка и долга тура од 15 и 30 километри, додека за истражувачите на планинските убавини кратка и долга планинарска тура од 10 и 20 километри. За прв пат оваа година за обожавателите на трките во склоп на фестивалот воедно ќе се одржи и трка од 5 километри како и trail трка, информираат организаторите.
Исто така, обезбедена е камп зона на Крушевското езеро, како и приватни и хотелски капацитети што се достапни на веб страницата.