Oд први јули се активира штрајкот ако Бочварски не ги исполни барањата за експресниот пат Градско – Прилеп
„Се наоѓаме точно на местото во Сирково, точно на ова место се случи и најголемата лага што ни ја кажа министерот Бочварски од Скопје. Тој беше тука заедно со својата делегација и изведувачот на градежните оперативи. Токму на ова место ни беше ветувано дека ќе има приклучок. Министерот дојде на лице место, го разгледа теренот и кажа дека е погодно за таква работа. Дури и рече ќе дојдам со комплетна документација да ви кажам да го почнеме проектот. Но, тоа не се случи. Го чекаме околу 2-3 месеци, иако тој рече за две –три недели ќе дојде тука”, појасни Димов.
Димов додаде дека претходно кога ја активирале блокадата за два дена поточно на 30-ти март биле повикани во Скопје, во министерство за транспорт, кај што министерот рекол дека од клучката нема да се случи. И им ветил алтернативно решение пат од 6 метри до клучката на Крушевица, но таа нема да е нефункционална за никого.
„Ние имавме две барања, првото беше приклучок на брзиот пат Градско – Прилеп. И второто барање ни беше овој пат што оди од Росоман до Сирково и од бензинската до Сирково комплетно да се преасфалтира бидејќи ние гo дадовме во комплетно нова состојба”, нагласи Димов.
Димов нагласи – „Ние санација не прифаќаме. Значи оттука би ги повикал надлежните од Општината да го повикаат министерот да дојде бидејќи ние од први јули повторно ќе го активираме овој штрајк”.