Наградата беше врачена на манифестацијата организирана од Банка за храна по повод остварувањата и наградување за сите општествено одговорни поединци, субјекти и институции во битката со ковид-19.
„Како компанија што е дел од заедницата, општествената одговорност на ‘Витаминка‘ кон граѓаните е дел од нашето секојдневно работење. На донациите во храна, не гледаме само како на обврска туку како помош кон некому што му е потребна, затоа што најголема несреќа е некој да нема храна и средства да го нахрани семејството. Оваa награда денеска е доказ дека вистински сме придонеле за тоа и сме помогнале каде и кога било најпотребно. Но, проблемот со недостаток на храна е голем и сериозен и затоа во секоја можност се обидуваме што повеќе да помогнеме, да донираме што поголеми количини храна, да нахраниме што повеќе семејства но исто така и да поттикнеме и другите, компании, ресторани, синџири маркети да се вклучат во проекти за донирање храна и со тоа да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена“, изјави Симона Симоновска, шеф на маркетинг во „Витаминка“.
Препознаена како општествено одговорна компанија со фокус на семејствата во социјален ризик, „Витаминка“ заради ваквата своја активност доби признание и од Хуманитарната организација „Свети Спас“ поради постојаната поддршка на иницијативите на организацијата и честите донации во храна и производи за штитениците.
„Витаминка“ е компанија со интензивна и постојано активна општествена одговорност, а овие активности особено ги засили од почетокот и во текот на целиот период на пандемијата со чести и континуирани донации на средства, храна и прехранбени производи со вкупна вредност од околу 5 милиони денари наменети за ранливи категории, лица и социјално загрозени семејства, на тој начин придонесувајќи за полесно справување со секојдневните предизвици.