Владини службеници патувале во Софија како новинари на државен трошок

31

Тие наводно отишле да присуствуваат и да информираат за првата меѓувладина седница меѓу Владата на РСМ и Владата на Бугарија, пренесува Алсат.

Во документите што ги обезбеди Алсат, шестмина вработени во Владата, меѓу кои и шефот на службата Пеце Мирчевски, обезбедиле шест хотелски соби и превоз со возила од Владата.

Генералната и заедничката служба на РСМ е должна да обезбеди хотелско сместување за македонските новинари во Софија, Република Бугарија, во врска со заедничката седница меѓу Владата на Република Северна Македонија и Република Бугарија, (24-25 јануари 2022 година). Во оваа насока, Службата треба да резервира 6 соби со по еден кревет, со полн пансион во периодот од 24.01 до 26. 01.2022 година за следните лица: 1. Пеце Мирчевски, 2. Сања Петковска, 3. Ивана Јаневска, 4. Благој Китев, 5. Александар Илиќ и 6. Александар Кошаркоски.

Иако активностите за меѓувладината седница траеле два дена, од 24 до 25 јануари, според документите на Алсат, горенаведените лица во Бугарија престојувале три дена, од 24 до 26 јануари. Запрашани зошто шестмина вработени во службата морале да патуваат како новинари? Од Службата одговорија дека патувале како персонал ангажиран во организациски работи.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content