СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

„Заедничка историја-заедничка глупост” – изложба на македонски и бугарски карикатури во Скопје

Вечерва во 20 часот во фоајето на Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена изложбата „Заедничка историја-заедничка глупост", во организација на Клубот за бугарско-македонско пријателство.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, изложбата е посветена на односите меѓу Бугарија и Македонија. Организаторите сметаат дека исмејувајќи се над нашите стравувања преку карикатурите на авторите од двете земји, полесно ќе ги надминеме истите.

Од македонска страна учесници во изложбата се карикатуристите Мирослав Георгиевски-Миро, Златко Крстев и уште тројца карикатуристи.

Учесници од бугарска страна се карикатуристите Чавдар Николов, Христо Комарницки и Ала и Чавдар Георгиеви. Тие работат во хумористичното издание „Прас прес”, кое е многу популарно во Бугарија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content