СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

АЕТМ објави Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини за компании од агросекторот, туризам и ИКТ

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитални вештини за раст” објави Jавен повик за учество во едукативна и практична програма за зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг наменети за компании од агро-секторот, секторите за туризам и ИКТ.

Проектот „Дигитални вештини за раст”, кој е поддржан од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) има за цел да им помогне на компаниите од овие три сектори при унапредување на процесите за работа во е-трговија преку зајакнување на дигиталните вештини на учесниците, да им овозможи унапредување и олеснето менаџирање на нивните е-продавници и да го подобри нивното онлајн присуство со цел зголемена видливост и зголемени онлајн продажби.

Програмата ќе се одвива во текот на јуни и првата половина од јули 2022 година, а ќе се состои од едукативни сесии со физичко присуство, онлајн менторски сесии и вмрежување и поврзување со домашни платформи за е-трговија.

Одбраните кандидати ќе имаат можност да присуствуваат на три практични едукативни сесии со физичко присуство на следните теми: Aлатки за дигитален маркетинг за е-трговија, Mаркетинг и рекламирање на социјалните медиуми и Дигитализација на процеси и алатки за менаџирање и одржување на е-продавница.

По завршување на секоја сесија учесниците преку директна менторска поддршка ќе имаат можност за доусовршување и преку практична работа ќе може да го унапредат работењето во нивните компании. Во рамки на програмата предвидено е вмрежување и запознавање со претставници од еко-системот на е-трговијата за зголемена соработка и пласман на производите како дел од понудата на македонската е-трговија. По завршување на програмата сите учесници ќе добијат сертификати.

Јавниот повик е отворен за сите компании од агро-секторот, секторите за туризам и ИКТ кои имаат е-продавница или се дел од онлајн маркетплејс, односно ги продаваат своите производи/услуги онлајн и имаат потреба од зголемување на знаењата и вештините поврзани со е-трговија кои ќе им помогнат подобро да се претстават во јавноста и да ги реализираат своите бизнис цели.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, како што се потенцира во соопштението, со овој повик се вклучува во напорите за зајакнување на конкурентноста на компаниите од овие сектори и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење.

Аплицирањето на Јавниот повик, кое се одвива онлајн на веб-страницата на АЕТМ, завршува во петок, 27 мај 2022, по што ќе следи евалуацијата на апликациите според јасно дефинирани критериуми, од страна на комисија составена од експерти во областа.

Повеќе информации за Jавниот повик се достапни на: https://ecommerce.mk/apliciraj/

Проектот „Дигитални вештини за раст” е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content