Точно е дека граѓаните сакаат да зборуваат за факти и бројки, а токму тие не одат во прилог на владеењето на СДСМ кои здравството го доведоа пред колапс.
Болницата на сред грејна сезона беше оставена без мазут и затоплување, а топката за ваквата состојба се префрлаше од едно на друго место. Немаше информација зошто се дозволи пациентите да бидат оставени на милост и немилост, да се затоплуваат со разни грејни тела, наместо со парно греење.
Кога сме кај фактите – Кети Смилеска одговори ни на каков начин беа делени бонуси, платени дежурства и прекувремени саати, за сите оние кои беа на првиот фронт во борба против коронавирусот?
За тоа дали во врска со пандемијата презедовте бројни и адекватни чекори, најдобро знаат токму граѓаните. Прилеп беше градот кој за огромна жал рушеше црни рекорди по број на заразеност и смртност, уште еден крајно поразителен факт. Што се однесува за обезбедувањето вакцини, како да сте заборавиле дека кога течеше процесот на вакцинација во сите држави, неспособната власт предводена од вашата СДСМ молеше по соседните држави за донации, затоа што не можеше сама навремено да ги набави?
Празни останаа и ветувањата за 100.000 денари плата за лекарите и бесплатно болничко лекување. Тоа најдобро се виде во оваа ковид криза, кога голем број наши сограѓани беа приморани да се лекуваат на приватните клиники во потрага по подобри услови, за чии услуги им беа наплаќани огромни суми.
Изгледа не сте ја сфатиле добро пораката од пресконференцијата.
ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува ваквите инвестиции во здравството, но за жал истите после речиси 5 години власт на СДСМ, после 5 потрошени годишни буџети, се вистинска реткост за Прилеп и прилепчани.
После предвремените парламентарни избори, ќе следуваат сериозни промени вклучително и во здравството и здравствениот систем.
Граѓаните најдобро ќе одговорат кој работи чесно и одговорно во нивни интерес, а кој собира политички поени со паушални изјави и соопштенија.