СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Смилеска со реакција на изнесените невистини и критики

Почитувани, како Директорка на Општа Болница со проширена дејност Прилеп, се чувствувам повикана да реагирам на изнесените невистини и критики, на прес конференцијата на Претседателот на  ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Деструктивното однесување на Политичката партија, нема да не поколеба да продолжиме да работиме во интерес на граѓаните. Само за потсетување, во време на светска здравствена и економска криза, во време на пандемеија, Болницата работеше консолидирано и со полн капацитет.

Како никогаш до сега, вложуваме во човечкиот капацитет. Обезбедивме рекорден број на специјализации, 26 Доктори специјализанти само во 2021 и 4 Доктори на субспецијализација. Платите во здравството се покачени на историски највисоко ниво.

Во поглед на пандемијата, која се надевам нема да се повтори, превзедовме брзи и адекватни чекори и мерки. Обезбедивме достапност на вакцини со поставување на вакциналниот пункт во текот на целото лето и сега функционира пунктот во здравствениот дом.

Дури по 50 години, за прв пат во нашата болница, обезбедивме апарат за магнетна резонанца, со кој ќе станеме регионален центар за дијагностика. Граѓаните на Општина Прилеп, конечно нема да имаат потреба да патуваат во соседните градови и да чекаат со месеци за  да ги користат овие здравствени услуги.

Впрочем, Градоначалникот од Вашите редови, Доктор Борче Јовчески, кој што беше поканет а од оправдани причини не присуствуваше на пуштањето во употреба на магнетната резонанца, на официјалниот и­-мејл на Болницата испрати честитка и укажа благодарност за оваа важна инвестиција.

Времето на дневни партиски препукувања и собирање на ситни политички поени е минато. Граѓаните сакаат да зборуваат за факти и бројки. Се соочуваме со сериозни предизвици, економски и здравствени и потребно е да покажеме трпеливост, капацитет и сите заедно да работиме исклучиво во интерес на граѓаните.

Апелирам да го надминеме овој предизвик заедно. Апелирам до Вас како Претседател на Совет на Општина Прилеп, да се занимавате за подобрување на инфраструктурата околу Болницата, конкретно за укинување на платениот паркинг во кругот на Болницата, кој ги изложува граѓаните на дополнителен трошок и заеднички да ги решаваме проблемите.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content