СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

НЕМА ЦЕЛА ПЛАТА за вработените во градинките кои штрајкуваа

Вработените во градинките кои штрајкуваа нема да земат целосни плати за месец април. Ова го соопшти министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска по средбата со претставниците на Синдикатот за образование. Таа додаде дека се бара законско решение за надоместување на неисплатените плати во наредните месеци.

Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков рече дека Колективниот договор за заштита на децата не предвидува исплата на дневници во случај на штрајк наспроти оној во образованието што предвидува такво нешто.

На тричасовната средба се разговараше и за новиот колективен договор во градинките, кој истекува во јуни. Двете страни рекоа дека ги усогласиле позициите за овој договор кој треба да даде нови решенија кои ќе значат подобрување на предучилишната грижа и образование на децата. За ова прашање ќе се формираат две работни групи, онаа на Министерството за труд и СОНК кои ќе работат на креирање на нов колективен договор.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content