Православните ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЈА ЧЕКААТ КАПЕЛАТА ВО ТЕТОВО, и уште ја нема

25

„Пред капелата да биде комплетно пуштена во употреба направени се консултации со црковните служби во Општина Тетово и со советничките групи кои имаа неколку забелешки во врска со капелата. Сепак, ова е еден капитален проект за граѓаните од православна вероисповед и секако треба да е комплетиран без било какви пропусти кои ќе се решат пред пуштање во употреба. Веднаш пристапивме кон регулирање на тие забелешки и очекувавме до април месец истата да биде целосно пуштена во употреба. Станува збор за ситни технички работи кои за да се отстранат но, како и да е, април месец би бил терминот за нејзино пуштање во употреба“, рече во јануари 2021 тогашната градоначалничка на Општина Тетово Теута Арифи оправдувајќи го доцнењето на предавањето во употреба на капелата на православните гробишта во Тетово.

А тие „ситни технички работи“ всушност претставуваа целосно промашување во проектирањето на капелата, бидејќи комората каде треба да се чуваат телата на починатите додека не се изврши погребот е целосно погрешена. Направена е толку мала што во неа не може да се остави ниту една полица на која треба да се положи телото на починатиот.

Сега, новиот градоначалник на Општина Тетово Билал Касами најавува дека капелата конечно ќе биде завршена, а за тоа најави распишување на тендер за отстранување на грешките во проектирањето и изградбата.

„Овие денови ќе се отвори процедура за распишување тендер за доуредување на капелата и се надеваме кога ќе се завршат сите тие процедури брзо ќе биде пуштена во употреба“, изјави градоначалникот Касами.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content