СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

И за ова ли ќе си ја подаваат топката? Кој го одобри споменикот на УЧК од 20 метри?

На 2 мај, на празникот Рамазан Бајрам, во липковското село Слупчане ќе се отвори спомен кула во чест на борците на ОНА. Според радоначалникот на општина Липково Еркан Арифи, на свеченоста ќе присуствува и лидерот на ДУИ Али Ахмети. За кулата висока 20 метри потрошени се 200 илјади евра општински пари.

„За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“, напиша Арифи.

 

Одлуки за изградбата на спомен обележја според Законот за меморијални споменици и спомен обележја носи Собранието или единиците за локална самоуправа.

Во Слупчане има и музеј на ОНА.

На настанот ќе присуствуваат и други членови на високото раководство на ДУИ.

Од Владата не информираат кој од министрите ќе присуствуваат во Слупчане. Власта не одговара и на прашањето дали ќе преземат нешто затоа што се трошат толку пари во време кога министрите повикуваат на штедење.

Изградбата на меморијален споменик е регулирано со закон и одлуката за поставување на споменик ја носи Собранието. Со подигнување на спомен култата во чест на жртвите на ОНА која свечено ќе биде пуштена утре е прекршен законот за меморијални споменици и спомен обележја, велат експерти од областа на заштитата на културното наследство за „Сител“.

Собранието според нив требало да донесе петгодишна програма за прославување на познати личности и настани што не е случај со споменикот изграден во чест на жртвите на ОНА како што е именуван. Во надлежност на локалната власт може да биде поставување на спомен обележје, кое во пракса е нешто помало, симболично и е од локално значење.

Законот е донесен пред околу 20 години но оттогаш до денес ниту еднаш не е испочитувана процедурата за поставување на споменици. Доколку значењето на споменикот е од национално, државно значење и се однесува на важни настани и личности, според уставот, државата е таа која треба да го уреди поставувањето.

Од министерството за култура се оградија.

Во овој случај се постапува според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, за што се надлежни Собранието или единиците за локална самоуправа. Министерството за култура во ниту еден сегмент не учествува во подигање на современи споменици и спомен обележја. 

Па според ова, анализира телевизијата, се извлекува заклучок дека споменикот во Слупчане е од локално значење иако за откривањето на спомен кулата во висина од околу 20 метри е организиран свечен настан на кој ќе присуствуваат голем број функционери од власта. Овој споменик чини околу 200 000 евра. Датумот 2 мај партијата ДУИ го слави како ден на бранителите а оваа година на истиот ден се празнува и Рамазан Бајрам.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content