Исклучок ќе има во здравствените домови, аптеките, јавните превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби.
Одлучено е и учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство, без задолжително носење заштитни маски.
Владата на денешната седница ја укина и забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта.
Се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување надоместоци за попреченост и на комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.