Велат дека 25 денари за килограм во услови на покачени семенски материјали и ѓубрива е неисплатливо за производство.
Цената и на пазарите на мало не е висока. Се движи околу 30 до 40 денари за килограм.
Доколку продолжи ваквиот тренд со продажба на раноградинарските производи во прашање е садењето на втората реколта.
Високите цени на репроматеријали ќе придонесат за намалување на површините, но и штедење на ѓубрива и заштита, што во прашање ќе го стави и квалитетот на производството.
Во моментов извозот е генерално на традиционалните пазари во соседните земји, а дел се продава и во Романија.