– Основците ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска. Одлуката стапува на сила од утре и важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести, се додава во соопштението.
Сепак, оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна маска за време на престојот во училишниот објект.
Министерството за образование и наука апелира на доследно почитување на сите останати мерки за справување со пандемијата кои се на сила и на одговорно однесување не само во училиштата, туку и надвор од нив, со цел непречено продолжување на наставата со физичко присуство како опција која е од најдобар интерес за учениците.