Словенија подобра од Македонија и во Скопје

0

Избраничките на Љубомир Савевски за разлика од дуелот во Целје беа многу подобри во првите 30. минути, но затоа пак паднаа по одморот. Сликата на теренот целосно се промени, па Словенија лесно дојде до целиот плен.

Ристовска со седум гола од девет обиди беше прв стрелец, четири погодоци запиша Гичевска.

Гостинките ја немаа истата комоција, барем во првиот дел, ракометарките не им дозволуваа лесно да поентираат. Најголемата негатива беше три гола 3-6 и 5-8. Пред крајот на првото полувреме по 11-11, кај нас падна темпото.

Словенија со серија од 4-0 на стартот на вториот дел поведе со највисоки четири гола (11-15). Ристовска со седум метри го постигна првиот погодок во овој дел, тешко одеше нападот, нашите девојки грешеа, а за тоа следеше казна, противникот по девет минути игра дојде на плсу шест (12-19).

Македонија не успеа да се врати на оваа средба, имаше и негатива од осум гола 15-23. До крајот Словенија рутински го приведе мечот.

            

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content