СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Шест градоначалници и четворица пратеници од Пелагонискиот регион бараат измени во Законот за тутун

Да има измени во Законот за тутун, а иницијативата до Собранието ќе се поднесе идната недела, констатираа шест градоначалници и четворица пратеници од Пелагонискиот регион на средбата што попладнево се одржа во прилепската локална самоуправа, на иницијатива на градоначалникот Борче Јовчески.

На средбата беа градоначалниците на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Демир Хисар и од Долнени како и по двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и од Битола.

Според иницијаторот на средбата, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески барањето за измените во Законот за тутун и подобрувањето на положбата на тутунарите е на барањето и на тутунските здруженија и на производителите од Регионот кои сметаат дека тутунот реално не се цени, а е со добар квалитет.

Јовчески минатата недела одржа средба со дел тутунски здурженија, но не и со Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

– Се обративме и до земјоделскиот инспекторат да ги зајакне контролите на откупните пунктови. Тутунот е стратегијска култура, од него зависат локалните економии во Пелагонискиот регион, рече Јовчески.

Пратеникот од Прилеп Петар Ристески најави дека идната недела иницијативата за законските измени и официјално ќе се поднесе до Собранието. Всушност има повеќе делови од Законот кои им даваат многу права на откупуивачите, а малку на тутунарите.

– Идната недела и официјално ќе ја поднесеме иницијативата за измените. А и имаме, како партија наш предлог закон кој досега на двапати е одбиван. Да се забрани увоз на тутун додека не се откупи домашното производство, а има и други одредби кои ја прават тешка позицијата на тутунарите, а повеќе права имаат откупувачите. Со законот, државата нема контрола на откупот на тутун. За оваа реколта се склучени договори за 22 000 тони, но нема повеќе од 19-20 000 тони. Имаме информации за тутунари кои не насадиле, а склучиле договори и земаат субвенции. И, ако се купи тутун повеќе од 20 000 тони, тоа значи од некаде е донесен, а не е домашно производство. Од тутунот живеат 30 000 семејства и е многу битен за економијата, посебно во Пелагонискиот регион, смета пратеникот Ристески.

Според Сојузот на земјоделските здруженија, до Нова година се откупени околу 9 300 тони по просечна цена од 192 денари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content