СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Црвен тепих на хуманоста во 17 градови низ Македонија

Охрабрени од огромниот интерес и успех што црвениот тепих го постигна во Скопје, Кичево, Штип, Струга, Крушево и Виница, акцијата на дарување покрај Божикните пештери, продолжува во Охрид, Битола, Прилеп, Дебар, Ресен, Тетово, Гостивар, Кочани, Свети Николе, Демир Капија, Македонски брод.

Ѕвезди на црвениот тепих се сите хумани граѓани, фирми, организации и здруженија коишто несебично издвојуваат мал дел од своите добра за да ги усреќат своите сограѓани во немаштија.

Детални информации за секој град, како и за останатите активности на Бадникови поворки во пресрет на Бадник и Божик, на официјалната фејсбук страница:

https://www.facebook.com/BadnikoviPovorki/

Втора година по ред, Бадниковите поворки на радост коишто вообичаено вклучуваат директно учество на неколку илјади деца, се заменети со хуманитарни акции. За жал, пандемиските услови налагаат воздржување од поголемо групирање во колективна радост и заштита на здравјето на најмалите коишто вообичаено се придружувани од своите родители, баби и дедовци. Затоа Божикната радост, љубов, топлина и добрина, оваа година Бадниковите поворки ја шират во вид на дарување на своите сограѓани погодени од кризата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content