Кој е најпосетуваниот домен во 2021 година

45

Според истражувањето на американската технолошка компанија Cloudflare, услугата за споделување кратки видеа TikTok беше најпосетуваниот интернет домен во 2021 година.

Популарниот сервис беше пред Google, кој беше лидер во сообраќајот во претходните години.

На листата на најпосетувани домени во минатата година се Facebook, Microsoft и Apple.

Меѓу првите десет се наоѓаат сајтови и апликации, Amazon, Netflix, YouTube, Twitter и WhatsApp.

TikTok најпрво го презеде водството на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден е пред Google во однос на посетите.

Апликацијата TikTok забележа над три милијарди преземања ова лето, што само на Facebook му успеа претходно.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content