СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Пелистер на пенали го победи Вардар и обезбеди полуфинале

Во текот на мечот Вардар имаше шанси за победа, особено добра беше на Дејан Блажевски во финишот од мечот, но Пелистерци се спасија.
Вардар до полуфиналето стигна откако на пенали ги победи Победа и Скопје, но во третиот обид, не испаднаа подобри изведувачи од Пелистер.
Вардарци промашија дури три пенали, Глишиќ, Стојковски и Блажевски не реализираа од белата точка. Филип Петковски и Никола Ристевски погодија. За Битолчани головите од белата точка ги дадоа Алпај Јусуф, Јакуп Бериша и Борче Маневски, промаши Христијан Вецевски.
Покрај Пелистер претходно пласман во полуфиналето обезбедија Струга Трим Лум, Македонија Ѓорче Петров и Силекс.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content